Features Мозаик Сложувалки
Мобилната апликацијата Мозаик сложувалки е едукативна и забавна игра со која добивате бесплатни часови исполнети со забава за вашите деца.
Оваа игра - танграм загатка е еден вид на помош за учење, бидејќи им помага на вашите малечки да развијат визуелна меморија, логика, концентрација, когнитивни и фини моторни вештини.Мозаик сложувалките исто така ќе им помогнат на вашите деца да ги научат формите, разновидноста на боите и нивно препознавање.
Апликацијата е сплет од танграми-загатки кои служат за формирање на мозаик објекти-танграми со неколку теми наменети за најмалите: птици, домашни, водени и диви животни, овошје и зеленчук, делови од природа, возила,сообраќајни знаци,геометриски форми,музички форми и инструменти, делови од мебел за куќа, бебешки и детски играчки, шминки и шноли за девојчињата и слатки и вкусни задоволства за јадење.
Играта има мелодична музика и започнува со изговор на објектот-танграм кој треба да се состави на македонски јазик, потоа се појавува сликата со празни полиња кои треба да се пополнат со содветните бои и форми и која ќе се заврши кога откако ќе се состави објектот-танграмот ќе се појави сонце и неколку иконки со шарени балони кои детето ќе треба да ги пукне.Потоа во позадина се појавуваат весели гласови на дечиња дека детето успешно ја составило сликата-танграмот.Со завршување на играта се појавува целата слика на објектот-танграм со изговор на зборот на македонски.
Како да играат децата: Оваа игра има 85 табли со нацртани предмети, а не само апстрактен дизајн.
Дизајнот е направен од комбинација од 9 парчиња со 12 различни бои.
Целта е да го поставите парчето со вистинска боја и форма на вистинската позиција на решетката - изберете ја бојата, потоа изберете го вистинското парче и потоа допрете ја решетката каде што сакате да ја поставите.
Играта нуди помош за погрешно поставените елементи кои трепкаат и така можете да ја изберете бришачот и да ги избришете - ова исто така ја покажува вистинската боја и форма на парчињата на решетката како граница и така полесно е да знаете што да ставите каде.
Карактеристики:• Едноставна и интуитивна позадина што е пријателска за децата;• Лесна игра на допир и место за игра во мрежната платформа (14x12);• 85 привлечни загатки за момчиња и девојчиња - запознавање со основните имиња на предметите;• различни нивоа на сложеност кои зависат од бројот на парчиња, форми и разновидност на бојата.• 3 форми, 9 различни парчиња, 12 различни бои.• дава опција за помош - им помага на почетниците или помалите дечиња да играат без стрес - им покажува на кои парчиња се поставени погрешно.• покажува погрешни известувања за погрешно поставување загатки со трепкање на бојата.
Апликацијата е наменета за дечињата од предучилишна возраст и помали деца, иако дава и можност во составувањето на објектите-танграмите да се вклучат и родителите кои заедно со дечињата би им помогнале да ги состават објектите-танграмите, се со цел нивните најмили полесно да ги научат боите, геометриските форми и нивното препознавање.
Secure & Private
Your data is protected with industry-leading security protocols.
24/7 Support
Our dedicated support team is always ready to help you.
Personalization
Customize the app to match your preferences and workflow.
See the Мозаик Сложувалки in Action
Get the App Today
Available for Android 8.0 and above